Погледнете го новиот дом на Пирс Броснан

3 септември 2019

Познатиот актер Пирс Броснан неодамна за околу три милиони долари се поднови со нов дом. Се работи за традиционална куќа од 1940-тите во Санта Моника.

Со три бањи и три спални, се простира на преку 200 метри квадратни. Има и камин од камен, како и огромна и прекрасна градина. Подот на дневната соба е дрвен, а и генерално, боите во ентериерот се од беж до кафени со што оддаваат топлина.

Дел од собите имаат уредување во кое доминира сината боја. Покрај отворената дневна и трпезарија, куќата има и соба-канцеларија, како и голема гаража за две коли.

Некои ќе речат дека се работи за не така фенси простор, но актерот во една пригода ќе изјави дека отсекогаш повеќе го интересирала удобноста и чувството што еден простор го исполнува, отколку фенси надворешноста.

Погледнете како изгледа куќата. Ви се допаѓа ли?

 

фото извор:  lipstickalley.com; realtor.com; 

Објавено:
3 септември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
439 пати