Погледнете ја празничната колекција на Икеа

7 ноември 2017

Каталозите на „Икеа“ секогаш привлекуваат внимание, бидејќи содржат идеи и производи во минималистички стил што можат да се вклопат во речиси сечиј ентериер.

Минатиот месец излезе и празничниот каталог. Веројатно многумина од вас ќе речат дека е рано, но од брендот одлучија празничната магија и расположение кај потрошувачите да почне уште од октомври.

Годинашнава божиќна колекција на Икеа е инспирирана од зимата на Исланд. Како што ќе видите и од фотографиите, голем дел од предметите се изработени од волнен филц, а и дрвото како материјал и тоа во природни нијанси, доминира.

Вниманието ќе ви го привлечат и перниците со зимски дезени, необичните светилки, како и декорациите за кујна што сигурно ќе посакате да ги имате.

 

фото извор: refinery29.com; ikea.com;

Објавено:
7 ноември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.183 пати