Погледнете каде живее Лејди Гага...

6 октомври 2018

Мега ѕвездата која периодов е актуелна со филмот „A star is born", Лејди Гага, живее во рустично уреден дом, вреден 22 милиони долари.

Иако нејзиниот имиџ е препознатлив по ексцентричната естетика, сепак стилот на уредување што доминира в нејзиниот дом, е во смирени, пријатни и традиционални тонови.

Имотот се простира на 10 илјади метри квадратни, со три спални соби, дури седум бањи, а вклучува и простор за забава и рекреација во кој има и куглана, како и штала за коњи.

Во ентериерот е присутна топла, домашна атмосфера претежно во земјени нијанси, надополнета со мебел и детали со рустичен дизајн.

Имотот е опкружен со зелено пространство и хоризонт со фантастичен поглед.

 

Објавено:
6 октомври 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
263 пати