Погледнете како изгледа најголемиот „Старбакс“ на светот

7 декември 2017

Пред два дена во Шангај е отворен најголемиот „Старбакс“ на светот. Се простира на речиси 3.000 метри квадратни, внатрешноста е дрвена и неверојатно потсетува на фабриката на Вили Вонка.

Посторот е збогатен со преку 10.000 традиционални кинески детали.

Освен напитоци, посетителите ќе имаат можност да бираат помеѓу бројните јадења во понудата на ресторанот.

Технологијата во новиот „Старбакс“ во Шангај им овозможува на сите што ќе наминат да скенираат и да го истражат целиот простор и сè што има во него.

Комплексот содржи три кафе-барови, од кои едниот повторно го држи рекордот за најдолг „Старбакс“ бар. Исто така, има и чај-бар со 3Д принтови.

Вратите на новиот објект ги отвори извршниот претседател на компанијата, Хауард Шулц.

Но, ова ќе биде најголемиот „Старбакс“ само до 2019 година, кога ќе биде изграден уште еден, поголем и тоа во Чикаго. Како е најавено, тој простор ќе се простира на преку 4.000 метри квадратни, а процесот на кафе ќе биде видлив и за посетителите.

Пред Чикаго, за 2018 се закажани и отворањата на објектите од типот Roastery и во Њујорк, Милано и Токио.

 

 

извор:starbucks.com; channelnewsasia.com; eater.com; cnn.com; hypebeast.com;

Објавено:
7 декември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.951 пати