За уметницата Ејми Грифит многумина ќе кажат дека е најпозитивната личност на светот и дека многу е тешко да се чувствувате лошо во нејзино присуство.

Ако ова е вистина, воопшто не треба да не чуди фактот што таа има осмислено и создадено целосно розова куќа со неверојатни детали, огромен розов двор и гостинска куќа во истата нијанса.

Своето ремек дело таа го нарекува Eaton House, а истата е сместена во шармантното и тивко село Есекс во Велика Британија.

Нејзината куќа за која и требале долги години да ја направи, неодоливо потсетува на некој замок од филмовите за Аладин, а поради специфичноста, истата многупати досега била најмена за бројни едиторијали и разни фотосесии.

Сите оние кои ја посетиле куќата ќе кажат дека едноставно не може да се опише со зборови на сите оние кои не биле.

По две години во модната индустрија работејќи како советник за брендот Agent Provocateur, одлучила да ја промени професијата и почнала да работи како дизајнер на ентериер.

По осум години, таа ќе каже дека оваа куќа за неа претставува уметнички проект и инсталација што постојано ќе ја надоградува.

Секое делче од куќата таа го има сама смислено и изработено со помош на нејзините пријатели, мебелот го пронашла на разни места, претежно распродажби, а проектот го заокружила со низа уметнички дела на ѕидовите од познати автори.

Во галеријата погледнете како изгледа овој фантастичен проект!

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
379 пати