Прекрасен дом уреден во скандинавски стил проткаен со индустриски детали

22 март 2019

Овој прекрасен дом се наоѓа во градот Мурманкс, Русија. Зад одличниот концепт стои искусниот архитект Денис Красиков. Станува збор за нетипичен скандинавски стил на уредување, кој отскокнува од шаблоните. Просторот е отворен и светол благодарение на големите прозори и исклучително високиот плафон.

Одличен визуелен ефект е постигнат преку контрастот на белате ѕидови со сивите тонови на мебелот, како и темниот дрвен под. Поговорките на ѕидовите, иако во црно-бели нијанси, ја дополнуваат атмосферата и на домот му даваат уникатен печат. Во секоја просторија е поставен по некој детаљ во сина и маскирно зелена боја со цел да се разигра амбиентот и да се избегне монохроматски впечаток. Се чини дека главен фокус е ставен на кујната која е одлично решена. На прв поглед делува индустриски и ладно, но сепак е мошне функционална. Осветлувањето во спалната соба и бањата е интересно и впечатливо.

Целата содржина прочитајте ја ТУКА

Објавено:
22 март 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
417 пати