Прекрасен ентериер во кој се соединуваат минатото и сегашноста

3 септември 2018

По 25 години кариера, архитектот од Алабама, Џеф Данган, конечно го дизајнираше својот дом од соништата.

„Кога сте дизајнер или архитект, имате толку многу различни идеи како би изгледал идеалниот дом" вели архитектот, кој споделува бројни искуства од неговиот професионален живот во книгата: The Nature of Home: Creating Timeless Houses.

А неговиот идеален дом, за многумина е куќа од соништата.

Во неговиот дизајн, сосема очекувано, посветено е подеднакво внимание и на техничките детали, на оптимизацијата на просторот и на естетската целина. Така се добива една компактна архитектонска приказна, која по сите правила создава идиличен семеен амбиент.

Преовладуваат сиви тонови кои се испреплетуваат до големата количина на природна светлина.
Интересно во овој дизајн на ентериер е што се спојуваат ретро елементи со современата архитектура, споени во хармонична слика.

Фото извор: architecturaldigest.com

 

Објавено:
3 септември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
969 пати