Доколку планирате пролетно освежување на вашиот дом, тогаш ова е вистинскиот текст за вас. Денеска ви предлагаме неодолива инспирација преку неколку супер фотографии за уредување на собата на вашите најмили.

Израдувајте ги оваа пролет со тоа што ќе внесете некои нови елементи во нивното омилено катче или пак едноставно ќе ги обоите ѕидовите во друга боја или ќе залепите колоритни тапети.

За почеток, внимателно одберете ги материјалите со кои ќе работите и секогаш обидете се да одберете лесни и нежни текстури без разлика дали се работи за мебел или украси.

Паметно одберете ја палетата на бои при уредувањето, особено кога се работи за собата на вашето дете. Заборавете на правилото дека момчињата мора да имаат сина соба или девојките розова, па одберете нешто неутрално што ќе внесе позитивна енергија во ентериерот.

Она на што особено треба да се концентрирате е секогаш да имате доволно простор за складирање на играчките на вашите дечиња, бидејќи тие најчесто и го прават најголемиот проблем во просторот.

Украсете ги прозорците со некои интересни завеси со кул принт, но секогаш погрижете се децата да имаат доволно осветлен простор за сите нивни активности.

Во продолжение, погледнете ги овие прекрасни фотографии од детски соби и инспирирајте се за пролетно уредување во домот на кое најмалите најмногу ќе се израдуваат.

Извор: modamo.info

Објавено:
21 април 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.482 пати