Природни материјали во уредувањето на ентериерот – тренд за 2019

8 јануари 2019

Враќањето кон природата и еколошката свест се тема која со право сè повеќе се актуелизира, на секое ниво, вклучително и во светот на модата и архитектурата.

Затоа и сосема очекувано е што меѓу тенденциите во ентериерното уредување се и природните материјали или декоративни елементи непосредно поврзани со природата. На овој начин се популаризира прашањето за еколошката свест, а истовремено е високоестетска форма на уредување на просторот во кој секојдневно функционирате.

Зелените растенија, декорации изработени од бамбусово дрво, мебел и ткаенини изработени од природни материјали, под од дрво, се само сегмент од идеите како да имплементирате парче од природата во вашиот дом.

Со оглед на тоа дека овој тип на материјали е карактеристичен за бохо стилот на уредување, овој стил е еден од оние што ќе доминираат годинава.

Во галеријата подолу ќе погледните неколку интересни решенија.

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
681 пати