Приватниот рај на Новак Ѓоковиќ на Мајами

31 март 2017

Новиот луксузен апартман на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Мајами е вистинско олицетворение на рај.

Лоциран е во еколошка населба со совршена инфраструктура, Eighty Seven Park.

Ентериерот е простран, опкружен со прозори од плафон до земја што овозможува совршено природно осветлување во текот на денот.

Има три спални соби, огромен простор за дневен престој, три купатила и огромни тераси со идеален панорамски поглед.

Тенисерот не ја открива сумата за овој земски рај, но почетната цена на трособните резиденции во овој дел на Мајами, чинат околу 5,9 милиони долари.

„Овој апартман е олицетворение на совршениот начин на живот според мене и мојата сопруга, лоциран е во дел од Мајами кој брзо прогресира, па поради тоа и најмногу ме преивлече", вели Ѓоковиќ за изборот на својот нов дом.

 

Објавено:
31 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.128 пати