Раскошна зелена боја за целосна трансформација на вашиот дом

16 јуни 2018

Ако сакате да постигнете ефект на комплетна трансформација на ентериерот во вашиот дом, започнете со изборот на бои. Многу едноставно ќе внесете доза на луксуз и ќе го облагородите просторот, со имплементирање на бојата која познатата компанија PPG Paints ја предвидува како една од најпопуларните нијанси во ентериерот за 2019 година – раскошната зелена.

Оваа потемна нијанса на зелената боја со себе го носи смирувачкиот тон на природното окружување далеку од бучната цивилизација, па со изборот на оваа боја ќе си обезбедите релаксирачки, а истовремено раскошен амбиент во домот.

Дополнителна позитивна околност што совршено се комбинира со разиграни принтови или златни декоративни елементи, што исто така важат за популарни во ентериерното уредување.

Со оваа боја може да обоите дел од ѕидовите во дневната или спалната соба или пак да ги комбинирате плочките во кујната или купатилото. Мебелот исто така не е исклучен како можност, па доколку имате во план да го претапацирате стариот мебел тогаш една супер варијанта е да одберете материјал во темно зелена варијанта.

Во фото галеријата во продолжение ве инспирираме со различни опции како оваа боја да ја искористите во вашиот ентериер.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
16 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
437 пати