Планетарно популарната Ријана го продава својот дом во Лос Анџелес за неверојатни 14, 5 милиони долари.

Познатата пејачка куќата ја купи во 2012 година, а во неа живееше помалку од две години, по што ја напушти и замина на друг имот.

Ова луксузно издание се простира на 1.000 квадратни метри, а доколку некој си го дозволи, ќе може да ужива во прекрасниот ентериер и фасцинантниот екстериер.

Имено, пејачката ја намали продажната цена за дури 400.000 долари помалку од онаа за која таа ја купи пред неколку години.

Во куќата има дури седум спални соби, девет бањи, огромна дневна соба и кујна, но и помали соби за одмор, базен, спа, прекрасен двор со поглед на раскошна природа.

Дел од дворот е и неодолив базен со лежалки и мала надворешна кујна каде пејачката уживала во коктелите покрај базен.

Сосема очекувано, во нејзината спална соба ќе најдете и фасцинантен и огромен плакар, но и прекрасна и неверојатно елегантна бања.

Ријана ја продава куќата неколку месеци откако во истата провали нејзин обожавател, по што таа повеќе не се чувствувала сигурно. 

 

Објавено:
15 август 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.380 пати