Романтични сијалички за топол амбиент во домот

9 јануари 2019

Кога ќе ја раскитувате новогодишната елка, не ги пакувајте и сијаличките. Наместо тоа, искористете ги за романтичен амбиент во вашиот дом преку целата година, а не само за време на празниците.

Ефектот што може да го постигнете со суптилното светло од сијаличките, може да го трансформира амбиентот во домот.

Популарни се во модерното ентериерно уредување, па ќе најдете различни верзии – од такви со топчиња во различни бои до висечки, ситни сијалички што доловуваат амбиент на ѕвездено небо.

Нема правила каде ќе ги поставите, може со нив да го надополните романтичнит амбиент во спалната соба или да ставите акцент на мини библиотеката во дневниот престој.

За инспирација погледнете ја галеријта во продолжение.

Фото: Shutterstock

 

Објавено:
9 јануари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
171 пати