Романтичниот дом на данската блогерка Луис Јохансен

4 јуни 2018

Ако и вие ја делите нашата пасија за уникатно дизајнирани ентериери, тогаш веројатно сте во постојана потрага по нови и инспиративни ентериерни решенија, објавени на социјалните мрежи.

Неодамна на Инстаграм го откривме профилот на данската блогерка Луис Јохансен, каде таа секојдневно објавува фотографии од нејзиниот романтичен дом по кој стои знак за еквавалентно со дом од соништата за сите романтичарки.

Доколку ја преферирате рустичната и женствена естетика, тогаш голема е веројатноста да се пронајдете во ова топло катче, што во секој аспект потсетува на смирен, хармоничен, семеен дом.

Она што на прв поглед се забележува е отворениот простор помеѓу дневната и трепезаријата, одвоени со стаклена врата што визуелно го зголемува просторот. За пријатниот амбиент дополнително придонесува и пространата природна светлина, како и цветните декорации, секогаш присутни на дрвените маси.

Ѕидовите се исполнети со семејни фотографии и уметнички слики што додава дополнителен индивидуален печат во целиот простор.

 

 

Објавено:
4 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
527 пати