Романтично уреден дом во пастелни нијанси

11 април 2019

Винтиџ – романтичен амбиент во пастелни нијанси, ќе ве пречека во домот на блогерката Малори Флетшол на Инстаграм профилот @reserve_home.

Складно споени нежни и суптилни нијанси со бохо елементи, му даваат смирувачки тон на овој семеен дом што може да ви послужи како инспирација ако се пронаоѓате во ваков стил на ентериер и доколку имате во план да го преуредувате вашиот простор.

Особено акцент е ставен на деталите, природните материјали и цветните аранжмани што се присутни во изобилство.

Дневната светлина доминира, благодарение на високите прозорци и отворениот дневен престој, што му овозможува на просторот да „дише со полни гради".

Интересен пример како да ги вклопите пастелните нијанси во вашето опкружување.

Објавено:
11 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
428 пати