Розови нијанси – хит во ентериерното уредување

8 август 2019

Умешноста во уредувањето на ентериерот подразбира да излезете надвор од стандардите и просторот во кој функционирате да го прилагодите на своите потреби и вкус.

Тоа значи дека во низата тенденции или класични стилови во уредувањето, не секогаш ќе го најдете оној стил што вам најмногу ви одговара, а тоа треба да ве охрабри вие самите да си го креирате вашето секојдневно опкружување.

Ако розовите нијанси ви делуваат пријатно, тогаш зошто не се обидете да ги имплементирате во уредувањето на целиот ентериер на вашиот дом, наместо да ги резервирате само за детската соба на пример?

Во тој контекст, токму розевите нијанси се актуелен хит во ентериерното уредување, па ова нека ви биде мотив плус да го трансформирате вашот дом во романтичо и хармонично место за ужвање.

Ако планирате преуредување на домот, ви предлагаме неколку интересни идеи базирани на миксањето на розови нијанси.

 

Објавено:
8 август 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
509 пати