Се продава поранешниот дом на Одри Хепберн во Лос Анџелес

17 јуни 2017

Поранешниот дом на актерката од култниот филм „Појадок кај Тифани“ Одри Хепберн, деновиве е ставен на продажба по цена од 14 милиони американски долари.

Оваа раскошна резиденција е проектирана од архитектот Пол Вилијамс во далечната 1938 година, а во неа тој сместил дури шест фантастични спални соби.

Токму во овој дом, актерката им посакала добредојде на огромен број холивудски ѕвезди, меѓу кои и нејзините колеги, актери од познатиот филм.

Нејзината резиденција се наоѓа во Лос Анџелес на околу 7.000 метри квадратни, а заедно со неа доаѓаат и гостинска куќа, базен, тениски терени и прекрасна градина во која уживањето е неповторливо.

Што се однесува до ентериерот, тој неодоливо потсетува на холивудскиот гламур од 50 – тите години, а предворјето на куќата е неверојатно раскошно и фасцинантно.

Погледнете ги фотографиите од ова неверојатно архитектонско дело.

Фото: COLDWELL BANKER RESIDENTIAL BROKERAGE

Објавено:
17 јуни 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
244 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr