Се заокружува приказната за EL Homes-Eco Homes во населба „Аеродром“

12 мај 2017

Приказната за станбено-деловниот комплекс EL Homes-Eco Homes, во скопската населба Аеродром се заокружува со третиот објект Business Homes, за кој досега сте имале можност да се информирате и низ нашите содржини. Вчера беше поставен камен-темелникот на објектот.

За она што можат купувачите да го очекуваат од Business Homes во однос на останатите два објекта Luxury Homes и Living Large, поразговаравме со генералниот менаџер и сопственик на компанијата Елена Пандева.

-Продолжуваме со квалитет, што го наметнавме и со претходните градби, но секако, подобрен и модернизиран и во поглед на материјали и во поглед на изведба. Користиме првокласни материјали на сите нивоа, ги следиме актуелните трендови во градежниот свет, со цел да им го понудиме најдоброто на нашите клиенти. Со Business Homes ќе се заокружи приказната за комплексот во Аеродром, во кој вкучивме и одличен деловен простор, кој веруваме ќе биде провокативен и за луѓето од деловниот свет – изјави Пандева.

На свеченоста присуствуваа и дел од идните станари на објектот, кои не го криеја задоволството за започнатата работа.

-Денеска сум навистина среќна. Гледам многу насмеани лица. Го одбележавме започнувањето на третиот објект на традиционален начин, со сите почести. Прекрасно е кога давате и примате љубов, а јас сум почестена што овие луѓе ја дале довербата на „Елена Лука Хоум“ – вели Елена.

Таа додаде и покрај тоа што се заокружува приказната за населба Аеродром, компанијата продолжува со својата работа.

-Верувам дека повеќето се запознаени со идните планови. Продолжуваме да работиме на уште две атрактивни локации. Се работи за објектот „Divine“ во населба Црниче, помал, пријатен, идеален за семејни луѓе, како и модерниот проект „Twins“ во населба Карпош. Секој од нашите објекти има своја карактерност, со што сакаме да задоволиме сечии потреби и вкус – додава сопственичката.

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
712 пати