Ако оваа есен сакате едно поинакво патување, тогаш куќичката од бајката за Ивица и Марица е дефинитивно нешто што не смеете да го пропуштите.

Имено, производителот на чоколадо, Жан Лук Деклузо кој е познат по создавањето на скулптури од чоколадо создаде магично дело – куќичка целосно изградена од 1.5 тони чоколадо.

Истата се простира на 18 метри квадратни, а во неа може да се сместат четири лица. Целосната вантрешност и мебелот се изработени од чоколадо и може да се јадат, а она што е дополнително интересно е што во дворот ќе најдете рибник изработен од бело чоколадо.

„Оваа чоколадна традиционална куќичка е единствената во историјата во која може да се резервира ноќевање и истата ја слави разновидната понуда на Booking и е пример за незаборавните патувања на кои ги носиме нашите клиенти“, изјави Ванеса Хејдорф, регионална директорка на популарната мрежа за патувања.

Куќичката се наоѓа во Франција, а на 19 – ти септември во 10 часот ќе биде отворена за резервирање, односно ќе има едно ноќевање за најсреќните и тоа на на 5 – ти октомври по цена од 50 евра.

Објавено:
13 септември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
190 пати