Пејачот Рики Мартин, кој наскоро ќе го гледаме и во серијата за убиството на Џани Версаче, откри како изгледа неговата семејна идила.

Заедно со партнерот Џуан Јосеф и близнаците Матео и Валентино кои имаат девет години живеат во куќа во Беверли Хилс која се протега на дури 280 метри квадратни.

„Размислувавме за живот во Лондон или Њујорк, но сфативме дека ритамот во Лос Анџелес е како создаден за нас. Затоа и воопшто не се покајавме за изборот на место“, вели Јосеф.

Рики ја купи куќата во 2016 година за 13.5 милиони долари. 

Двојката потенцира дека при изборот на куќа внимавале да не е целосно уредена, бидејќи сакале да ја уредат по свој сензибилитет.

Повеќе можете да видите на видеото во продолжение, како и од фотографиите:

 

 

фото извор: architecturaldigest.com;

Објавено:
10 јануари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.193 пати