Шармантен белградски хостел сместен на вода!

6 август 2016

Веќе знаеме дека во Белград постојат голем број на интересни места од секаков тип, но хостелот Аркабарка се чини е едно од највпечатливите и заслужува вистинско внимание.

Oна што е посебно кај овој хостел е што истиот е поставен буквално на вода и изгледа како голем брод – хостел.

Ова место е одлично за сите урбани луѓе кои се љубители на природата, долгите „седенки“ со добро друштво, супер е за семинари или работилници, но и почетно место од каде ќе ги истражите убавините на овој град.

Покрај местоположбата, буквално сѐ е интересно во овој објект почнувајќи од собите, ентериерот, креветите, стаклените ѕидови, балконот со неверојатен поглед и љубезниот персонал.

Центарот на градот се наоѓа на само 20 минути од хостелот, во близина има парк и секако, прекрасниот Дунав кој секогаш има некоја посебна магија.

Извор: Journal.hr

Објавено:
6 август 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.116 пати