Шармантен прв впечаток – совршено уредени ходници со мала квадратура

28 мај 2019

Првиот впечаток и тоа како е важен, во секој контекст, па вклучувајќи го и ентериерот во домот.

Затоа никогаш не го занемарувајте уредувањето на влезниот ходник во вашиот дом, туку посветете внимание на неговата естетика како вовед во вашата лична приказна.

Особено голема умешност во современото домување е да се спои функционалноста и естетиката, кога имаме на располагање ходник со мала квадратура.

Во ваков случај треба да размислувате и на неговата практична улога, а истовремено да му дадете естетски печат што ќе соодвествува на целината на вашиот домашен ентериер.

Од исклучителна важност е да одберете соодветен фиокар, што ќе зафаќа минимален простор, а ќе ја врши својата функција. Огледалото многу често доаѓа во предвид, затоа што дополнително му дава визуелна ширина на просторот. За естетскиот доем, посветете им се на деталите – преку нив нека зборува вашата индивидуалност: плетена кошница во која ќе ги сместите сите ситници што секојдневно би требало да ви се при рака, штосни закачалки, килимче со дезен што ќе се одвојува од колоритот присутен во остатокот од ентериерот, рамки со мотивирачки пораки, цвеќиња... Притоа, за финалниот впечаток значајно е како ќе ги споите сите детали и бои.

Доза инспирација во продолжение...

Фото: Пинтерест

Објавено:
28 мај 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.516 пати