Шармантна колекција за домот од H&M: точките во фокусот

21 февруари 2018

Точкастиот принт не е актуелен само кога е во прашање облеката, туку е вистински сезонски тренд и во уредувањето на ентериерот.

Токму во таа насока е и новата шармантна колекција за домот на шведскиот бренд H&M во која акцентот е ставен токму на принтот во точки.

Според веќе објавените фотографии на H&M Home, може да посочиме дека точкастиот принт се појавува буквално во секој сегмент во уредувањето на домот: тапети за ѕидовите, теписи, прибор за во кујна, декоративни елементи, перничиња и други симпатични детали со кои ќе го оплемените домот или работниот простор.

Едиторијалот во кој се обединети сите нови производи од оваа колекција е насловен Spot On, посочувајќи на водечката тема.

 

 

Објавено:
21 февруари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
537 пати