Шест трикови за уредување на малите купатила

7 јуни 2019

При уредување на било која просторија во домот, секогаш на ум треба да го имаме просторот и со добра организација да извлечеме што е можно повеќе од него.

Откако ќе го уредиме со основните предмети, треба да се насочиме и кон деталите што го прават секој простор посебен.

Купатилото е исклучително важен простор од домот во кој покрај школката и кадата или туш кабината, треба да се сместат и полици или мини плакари каде треба да се складираат крпите, кутиите за шминки и разни производи.

Со малку труд и трикови од големите експерти можете да направите купатилото да изгледа стилски, а притоа во него да поставите сè што планиравте.

За визуелно да изгледа поголемо, одберете слични нијанси на боја на сите предмети во него, а секако истата да соодветствува и со онаа на ѕидовите и плочките.

Ако имате простор, поставете отворени полици на ѕидовите кои се вистински хит во моментов, на кои ќе ги ставите пешкирите, некои детали како свеќи или украси доколку имате место.

Токму полиците се многу важни во малиот простор за да можете да го искористите секој агол со поставување на машина за перење или некоја корпа за алишта.

Во продолжение погледнете како можете на интересен начин да го уредите малиот простор во вашето купатило.

Објавено:
7 јуни 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.097 пати