Сите нијанси на розово во новата H&M колекција за домот

3 јануари 2018

„The new palette" ги содржи сите пудрести нијанси на розова, нежни и топли тонови, што оставаат доем на смиреност и бајковит амбиент.

Се работи за новата колекција на H&M Home која е дизајнирана врз основа на хармонијата и синергијата помеѓу боите, формите и материјалите.

Естетиката на оваа колекција за домот ја дефинира минималистичкиот дизајн и скулптуралните форми на декоративните елементи.

Добивате чувство на една лесна и бајковита димензија, благодарение на префинетиот и суптилен до ниво на прозрачен, израз на естетиката на оваа линија.

Во доминантната розова палета, суптилно се провлекуваат златни нијанси и мермерни дизајни, што додаваат луксуз на романтичната приказна.

Фото извор: H&M Home

 

Објавено:
3 јануари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
706 пати