Совети за празнично уредување на дом од дизајнер на ентериер

11 декември 2017

Софи Патерсон е името на 33-годишната Британка, која важи за еден од најпознатите дизајнери на ентериер. Доказ за тоа се и ангажманите од бројни познати личности, да го разубави нивниот дом.

А во пресрет на Божиќ и Новата година, Софи направи вистинска празнична идилаи  во нејзиниот дом.

Фотографиите што ќе ги видите, веруваме ќе ве воодушеват. Но, таа за „Дејли Мејл“ сподели и неколку совети за уредување на домот во празничниот период, што и самата ги применува.

Ако сè уште не сте украсиле дома и тоа го планирате деновиве, прочитајте ги советите на Софи за што поубав ефект на празнично украсениот дом.

-кога ја украсувам елката, сакам да користам многу украси. Ситните лампиони во комбинација со панделки даваат прекрасен, луксузен изглед.

-бидејќи користам многу украси, секогаш бирам економични пакувања со повеќе едноставни украсе (значи без премногу шаренила), најчесто сребрени или златни, во зависност од темата.

-секогаш користам бели сијалички, бидејќи даваат поелегантен изглед, отколку оние во боја.

-светкавите ленти за елка се одамна веќе „аут“, така што фрлете ги, не враќајте ги назад.

-на врвот на елката не ставам ништо. Сметам дека таквиот изглед е поелегантен. Ги украсувам само гранките, а врвот го оставам слободен.

-украсувањето нека биде тематско. Може да биде во склад со постојаниот домашен декор, или пак со чувството што сакате да го постигнете во домот.

-дури и да сакате елката да ви има рустичен стил, сепак додадете малку сјај и декорации со метален сјај. Кога ќе се изгаснат светлата, елката без сјај ќе изгледа сиромашно.

-остатокот од декорациите за домот сакам да бидат едноставни, што можам да ги искористам за кујната или дневната дури и кога не е празнична сезона. Од градината собирам лисја и гранки, кои ги ставам во едноставни садови или вазни во бои кои соодветствуваат со оние што доминираат на декорот во елката.

-ако немате буџет или место или време да китите елка, вазна со гранки и лисја со некои мали украси или лампиони ќе направи празнична атмосфера во вашата соба.

-сакам свеќи, но бидејќи сега имам мало дете кое сè го интересира да допре и проба, ги одбегнувам. Наместо нив користам т.н. вештачки свеќи кои даваат прекрасен празничен сјај, а работат и на “тајмер“.

-широките ленти и панделки се одлични за пополнување празнини на елката. Ако се со жица, уште подобро, бидејќи можете да ги обликувате како сакате.

-за да го сокријам дното на елката, користам плетени здолништа или едноставно, парче плетенина. На тоа додавам декор соодветен со остатокот од собата. Каде што имам дрво во посветли нијанси користам светлосива плетенина, а во другиот дел користам махагони кафена.

-за традиционално украсување елка, пердуви од фазан изгледаат навистина ефективно.

-садови или чаши наполнети со сијалички или украси се секогаш брз и лесен начин да додадете празничен дух во просторијата.

Објавено:
11 декември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.583 пати