Совршена вила за одмор на сите сетила

4 април 2017

Шармантниот спој на традиционалната шпанска архитектура и популарниот скандинавски стил на уредување, ја дефинираат оваа вила на Ибица како совршено место за одмор на сите сетила.

Лоцирана помеѓу морето и шума со бујна вегетација, оваа совршена куќа за одмор е далеку од гласните журки по кои овој остров е и препознатлив.

Карактеристично за нејзиниот дизајн, што го потпишува британската архитектка Кејт Вотс, е пространиот, отворен простор, белата боја, дрвените столбови и минимализмот.

„За мене просторот и текстурите се значајни како во ентериерното, така и во екстериерното уредување. При дизајнот на оваа вила, внимавав да се запази и традиционалната архитектура на ова поднебје, како што се доминантните заоблени рабови", вели познатата архитектка за својата визија за овој проект.

Уште една предност на овој објект е и базенот опкружен со природа која никого не остава рамнодушен.

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
173 пати