Совршено дизајнирани тавански простории

8 ноември 2019

Оваа веранда, која покрива простор од 50 метри квадратни, лоцирана е на покрив на зграда со 12 ката, во Махараштра, Индија. Дизајнирана е од страна на „Studio Course".

Замислен како релаксирачка област, овој простор бил дизајниран како фамилијарен. Содржи отворен балкон и покриена просторија, читална, декорирана со полици за книги изработени од високо квалитетно дрво. Во станот има малку мебел, што овозможува слободно движење во просторот и создава чувство на комфорт. Таванот со изложените дрвени греди и дава на собата топлина, додека бетонските ѕидови додаваат рустикален и индустриски акцент. Во аголот се наоѓа едноставна маса изработена од дрво и столче во различни бои кои заедно создаваат комфортен простор за работа.

Повеќе може да прочитате ТУКА.

Објавено:
8 ноември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
297 пати