Германскиот стилист и дизајнер на ентериери, Томас Рок, секогаш бил фасциниран од историјата, локалната традиција и обичаи, како и од романтичниот израз на француската дизајнерка на ентериери Мадлен Кестанг. Сето тоа го инспирираше во уредувањето на неговиот сопствен стан во Берлин.

Она што прво паѓа во очи откако ќе ги разгледате фотографиите од неговиот дом, е доминантното присуство на бои и еклектичниот стил. Така станот што датира од 1901 година, тој го претвори во совршен дом чиј естетски карактер е микс на модерното и винтиџ стилот.

Томас во просторот богат со историја, перфектно го има имплементирано духот на денешницата и модерниот дизајн, со што е создаден еден космополитски амбиент.

 

 

Објавено:
5 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
351 пати