Сукуленти – омилениот зелен декор за нашиот дом

11 јуни 2018

Сукулентите се растенија што се групирани во повеќе од 60 фамилии, а ги има околу 300 родови. Најпопуларни меѓу нив се кактусите. А ние просто ги обожуваме... Важат за едни од најпопуларните декоративни, зелени растенија, што истовремено се многу едноставни за одгледување и токму поради тоа се омилени во модерните домаќинства.

Она што е карактеристично за сукулентите е тоа што во нивното одгледување е потребно малку вода, земја, сонце и се разбира љубов и малку посветеност. Идеално за овие растенја е да се чуваат на јужна страна поради поголемата количина на сончева енергија.

Доколку забележите дека го менуваат обликот, тоа најверојатно значи дека треба да им се смени позицијата.


Инаку, она што нè „купува" кај овие растенија е нивниот симпатичен изглед, како и големиот избор на различни комбинации што може да ги засадите во украсни теглички, саксии со различни дезени и во различни бои или во такви со различни натписи и пораки, па дури и со имињата што вие ќе им ги дадете на растенијата.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
11 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
232 пати