Веројатно секој сака голема кујна во која ќе ги покаже своите способности и ќе ужива во нејзиното уредување, но нема ништо подобро од мала и слатка кујна која има толку многу предности.

Она што мора да го имате на ум е дека при уредувањето на малата кујна мора максимално да го искористите просторот и да го уредите така што ќе имате можност во секое време да најдете сè што ви е потребно.

Искористете ги ѕидовите и поставете отворени полици кои покрај тоа што изгледаат шик, истите се и многу корисни бидејќи собираат навистина многу работи.

Овие полици подразбираат брза достапност во секое време, а истите се и неверојатно симпатични и потсетуваат на некое старо време. На истите можете да поставите длабоки чинии, шолји, храна во теглички и што уште не.

На ѕидовите можете да закачите и лажици, алати и други интересни работи кои секогаш ќе ви бидат на дофат.

Направете малата кујна да изгледа поголема со тоа што дел од висечките елементи ќе ги направите со стакло, а дел затворени.

На фотографиите во галеријата погледнете и други трикови со кои ќе уживате во малата и слатка кујна.

Извор: Modamo.info

Фото: mydomaine.com

Објавено:
27 април 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
547 пати