Тапети со мотиви од бреза - нов тренд во декорирање на домот

5 април 2017

Во светот на декорациите, дрвото од бреза игра важна улога во последно време...
Токму поради таа причина, Ви претставуваме колекција на живописни тапети со овој мотив, со кои можете да го разубавите својот дом. Овој вид на тапети е идеален за спалната или дневната соба, но и во работната можете да креирате удобно место за концентрација.

Ваквите тапети креираат илузија на природата во ентериерот и го трансформираат просторот во ваша лична земја на чудата. Некои експерти велат дека тие дури имаат и терапевтско дејство, бидејќи го опуштаат и релаксираат умот.

Современиот ентериер кој содржи едноставни или минималистички парчиња мебел заедно со овие природни тапети станува жив простор во кој се чувствувате пријатно. Бидејќи ваквиот вид на тапети често има многу детали на себе, не би требало да се комбинира со шарен мебел и мноштво различни текстури.

Обидете се да ги вметнете во еден агол во својот дом, каде ќе поставите полици за книги, стол и еднобојна фотелја, па самите ќе видите каков амбиент сосздаваат.

Повеќе за оваа содржина може да прочитате на овој линк.

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
435 пати