Тапети - вистински избор за развеселување на собите

8 март 2017

Можеби помладите генерации не се сеќаваат, но оние повозрасните секако го помнат трендот на ставање тапети во домот.

Тоа разубавување на ѕидовите беше застапено во секоја соба и честопати не соодветствуваше на сите парчиња мебел, но ѕидовите никако не смееја да бидат „голи“.

Со тек на годините, модата почна да се менува, па тапетите, кои важеа за „кич“, ги заменија токму „голите“ ѕидови, како и различните техники на бојадисување.

Денес пак, тапетите повторно се враќаат на сцената. Но, за разлика од порано, сега не се користат за сите ѕидови, туку само за одредени столбови или делови од станот. Ако посакувате промена во домот, нема поедноставна и полесна од оваа. 

Предноста на тапетите е што можете да ги смениме кога и да сакате. Технологијата отиде до таму што сега постојат и самолепливи и во безброј дезени, па шансите да не најдете ништо што ви се допаѓа се речиси никакви.

Независно дали го сакате минимализмот или рустичноста, модернизмот или некој друг стил, своите желби можете многу лесно да ги реализирате.

Од тропски мотиви, преку класични црно-бели комбинации, апстрактини мотиви, цветни, до најразлични детски замисли (облачиња, животни, виножита), дури и најпребирливите ќе се согласат дека денес изборот е поголем од било кога.

За оваа година, посебно се актуелни тапетите со мермерен и металик ефект, како и оние во пастелни нијанси и тоа нијансирани. Ригите се класика, додека оние во интензивни бои и текстури се за похрабрите.

Во галеријата во продолжение ви презентираме неколку идеи што веруваме добро ќе им дојдат на оние што се подготвуваат за пролетно освежување на домот, но ќе инспирираат и оние што можеби биле скептици.

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
282 пати