Палетата на топли тонови секогаш e актуелна во уредувањето на домот, затоа што директно го доловува чувството на: дома. Ако сакате да „играте на сигурна карта" доколку имате во план да го преуредите ентериерот на вашиот дом, топлите земјени тонови се секогаш сигурен избор.

Во оваа комбинација, природно се наметнуваат и природните, транспарентни материјали, свежото цвеќе, деталите и мебелот од дрво, како и простор со голема доза на дневна светлина.

Резултатот е исклучително пријатна и лежерна атмосфера.

Најдовме инспиративни идеи и одлични примери на „топло" уредени ентериери, што ќе ви послужат доколку планирате промена во уредувањето на домот.

 

Објавено:
6 јули 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
391 пати