Топли тонови за пријатен амбиент во домот

2 јануари 2018

Во уредувањето на ентериерот, голем предизвик е селекцијата на соодветната тонска карта. Боите имаат клучно влијание во постигнувањето на посакуваниот амбиент во вашиот дом што во идеални услови би требало да биде одраз на вашиот карактер.

Доколку посакувате ентериерот да биде актуелен и модерен и после неколку години од денес, а при тоа повремено во зависност од сезоните, да внесувате одредени промени, тогаш неутралната тонска карта со топли бои е најсоодветниот избор.

Овие бои со себе носат нота на романтика, топлина и суптилност, а лесно може да се трансформираат во комбинација со остатокот од боите, декоративните детали, тапетите или мебелот.

Во суштина, неутралните тонови се совршена база врз која понатаму може да играте со стиловите во уредувањето на вашиот дом – од ретро до ултра модерни.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
594 пати