Трансформирајте ја гаражата во ваш интимен рај

20 мај 2016

Иако првата асоцијација за гаража е простор за складирање на непотребни работи, сепак доколку имате можност со малку имагинација и креативна умешност, може да ја претворите во ваш интимен рај.

Мини револуција може да направите со тоа што со помош на професионалец или сами ќе го преуредите просторот во кујна, работно катче или катче за вежбање, музичко студио, простор за игра и забава...

Искористете некое од овие стилски решенија како инспирација како да осигурите природно светло, како да поиграте со боите за да го освежите просторот, да реставрирате стар мебел или да ги искористите оние стари предмети за кои мислевте дека никогаш повеќе нема да ви бидат потребни.

Искористете ја гаражата како рационален и практичен простор.

 

 

Објавено:
20 мај 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
326 пати