Трендови во уредувањето кои ќе бидат хит следната година

3 јануари 2017

Со почетокот на новата година, време е да се појават и нови трендови, како кај облеката, така и кај ентериерите.

Веќе знаете дека од време на време е добро да направите промена во домот, а почетокот на новата година е совршено време за тоа.

Изминатата година скандинавскиот минимализам беше омилен речиси кај сите, кактусите беа главен детаљ во сите домови, подеднакво актуелни беа и украсите од бакар, а розовата и сивата боја преовладуваа речиси секаде.

Овие неколку новости ги предлагаат познатите светски дизајнери на ентериер, а веруваме дека ќе бидат подеднакво популарни како и оние од изминатата година.

-Зелена боја

Комбинациите од нежно розова и сина боја изминатата година беа вистински хит, благодарение на Пантон кој ги прогласи за најпопуларни бои за 2016 година. Зелената боја ќе биде најпосакувана за 2017 година бидејќи неодоливо потсетува на природа, на убави и романтични нешта, има некоја посебна спиритуална енергија и го дава потребниот мир во домот.

-Тропски принт

Тропскиот принт ја живее својата година благодарение на бројните светски дизајнери кои го вметнаа во своите колекции. Ако не сте љубител на принтови, мора да имате барем еден украс во овој стил.

-Бохо шик

Според трендовите на Пинтерест се чини многумина се заситија од скандинавскиот минимализам, па следнава година шанса ќе му дадат на бохо шик уредувањето. Оваа година експериментирајте со етно детали.

-Пастелни нијанси

Дизајнерите и во наредните месеци предлагаат пастелни нијанси во уредувањето, бидејќи никој никогаш не може да се засити од нивната убавина и мекост која му ја даваат на домот.

-Мрежи

Иако веќе го видовме овој тренд во 2016 година, истиот ќе биде популарен и оваа година. Мрежите во ентериерот се огромен хит, а освен тоа што изгледаат ефектно, истите се супер за релаксација.

-Сиво

Сите нијанси на сива ќе бидат актуелни во 2017 – тата година. Почнувајќи од сивата нијанса кај подот, па сѐ до мебелот, украсите или ѕидовите, оваа боја е сѐ уште една од омилените.

Објавено:
3 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.988 пати