Трикови со плочки за ефективен дизајн на туш кабината

27 септември 2015

Ако имате туш кабина или планирате да вградите во иднина, овие совети ќе ви бидат од голема полза и извор на инспирација.
Оригинални идеи, лесна примена, ефективен дизајн. Уживајте!

Вертикални линии

Наместо вообичаена хоризонтална бордура, размислете за вертикална која ќе ја нагласи висината на кабината и ќе внесе малку „драма". Посебно е ефективно ако ја употребите модерната „шеврон" шара, која формира целина во облик на стрелка, го влече погледот нагоре и создава чувство на динамика и енергија. Двата вида на плочки кои се комбинираат се со неутрални бои, така што целокупниот изглед делува многу интересно, но не и нападно.

Комбинација на хоризонтални и вертикални линии

За постигнување на слоевит изглед, можете да комбинирате хоризонтални и вертикални линии. Ако вертикалните линии ги врамите во метална трака, тие стануваат совршена подлога за туш со ист завршен слој. Иако се користени три типа на плочки, оние кои се користени за подот се повторуваат и на ѕидот, па покрај разиграноста се добива и впечаток на хармонија. Нема грешка, ова е софистициран и внимателно осмислен стил.

Поинаков агол

Понекогаш, се' што е потребно за туш кабината да добие драматичен изглед е поинаков агол на сечење на плочките. Задолжително одберете фуги во друга боја, за да се истакне необиниот изглед на плочките и да се имитира прошарениот изглед на природниот камен.

Живописни линии

Тенки линии подредени во концентрична целина, на оваа туш кабина и влеваат многу енергија. Дури и со најефтините плочки на овој начин може да се постигне ексклузивен и впечатив изглед. Ако ова го планирате за „направи сам" проект, претходно  добро испланирајте или препуштете ја работата на професионалец.

„More is...more"

Користејќи плочки со ист дезен во целото купатило од подот до таванот, ќе создадете навистина импресивн изглед. Малите површини обложени со друг вид на плочки, како што е подот на кабината се доволни за да го разбијат изгледот, а ист ефект ќе има и прозорот или пак одредено цокле или агол каде што стојат препарати обложени со едноставни плочки.
Погледнете колку спектакуларно изгледаат 3Д керамичките ѕидни плочки.

Разиграни хексагони

Одличен избор доколку не сакате да го покриете целиот ѕид, секако се хексагон плочките. Покрај тоа што финансиски се поисплатливи, покривањето на целиот ѕид може да биде многу ефективно ако изберете ваков тип на плочки. Оставете ја горната линија совршено несовршена и ќе добиете ефект кој потсетува на бранови кои полека се смируваат.

Убавината е во деталите

Ако не сакате голема инвестиција, не грижете се, убавината често лежи во едноставноста. Со неколку дискретни детали белото купатило може да оживее и да добие вон временски шарм. Рачките, батеријата за туш во бронзена боја и дискретен мозаик од плочки, ќе остави впечаток на суптилен гламур.

 

*   *   *

 

Елена Лука Хоме ДООЕЛ е друштво за градежништво, проектирање, трговија и услуги, лоцирана на Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 130, Скопје.

Референци:

Станбено деловен објект „Luxury Homes" кој се наоѓа на Фрањо Круз Скопје
Моментално во изградба:
Станбено деловен објект „Living Large" кој се наоѓа на Фрањо Круз Скопје

Изградбата и продажбата на станови во непосредна близина на центарот на градот, веднаш до еден од главните скопски булевари е наш начин да Ви овозможиме да живеете во идеален дом близу сите потребни и важни институции. Продажбата на нови станови, по завршувањето на планираниот објект, по многу поволни цени, ќе ви овозможи да поседувате стан со неверојатна панорама.

 

 

 

Објавено:
27 септември 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
6.790 пати