Објектот „Twins" е нов проект што го најавува компанијата „Elena Luka Home", лоциран во скопската општина Карпош, во близина на повеќе рекреативни центри. Според целиот концепт, ова ќе биде современ објект посветен на новата генерација која поседува урбан дух, луѓе кои вложуваат во себе, но и во својата животна средина.

„Нашите клиенти се токму такви и затоа внимателно ја избравме локацијата на нашиот нов станбен објект „Twins“, поделен во две единици, создадени да обединат единствен и модерен објект. Со цврстата и индустриска форма „Twins“ се издвојува од класичните, „сиви" градби", велат од „Elena Luka Home".

Одличен дом за луѓе кои сакаат да се рекреираат и спортуваат и го зајакнуваат својот дух... Лоциран на само минута од рекреативните центри - базенот Карпош, спортскиот центар „Борис Трајковски“, кејот на реката Вардар, тениските игралишта на Александар Палас – Тwins се простира на површина од околу 7000 метри квадратни. Објектот ќе го сочинуваат, еднособни, двособни, трособни и четворосoбни станови со квадратури од 36 до 76 метри квадратни, со одличен, рационално осмислен распоред.

 Oвој објект на „Elena Luka Home" се надоврзува на идејата на компанијата да се градат објекти со карактер, кои ќе ги задоволат потребите и вкусовите на нивните клиенти.

Објавено:
6 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
735 пати