Убавината на едноставноста во 43 m²

9 ноември 2018

Покрај вистинската површина од 43 метри квадратни, субјективното чувство вели - околу 60. И покрај непретенциозното дизајнерско решение, субјективното чувство вели – убавина на едноставноста. И покрај доминантната бела боја во императив да се креира илузија на простран простор, субјективното чувство вели – весел и елегантен ентериер. Постои ли подобра потврда за функционалност и креативни решенија?

Беспрекорниот дизајн и фунционалноста се најубави кога одат заедно, ќе рече секој добар дизајнер, архитект но и сопственик на стан. А дека навистина така потврдува новиот бисер на бањалучките ентериери – шарматниот стан кој го осмислила архитектката Јелена Барач.

Исклучително ефектни решенија, неодолливи дизајнерски парчиња, вешто искомбинирани елементи и врвна функционалност пред се. Накратко може да се каже дека овој дом настанал со комбинирање на индустриски стил и рустичен шарм, завршен со неколку ексентрични детали.

За да ја прочитате целата содрина кликнете > ТУКА

 

Објавено:
9 ноември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
5.074 пати