Украински стан во јапонски стил во кој ќе се вљубите на прв поглед!

17 мај 2019

Познатото украинско студио Сергеј Макно веќе долги години работи со неверојатни резултати, а токму истите, многупати досега се наградувани од престижни институции.

Неодамна, тие ја освоија и престижната Architecture Master Prize награда за еден стилски стан во Киев, целосно изграден во јапонски wabi sabi стил.

Истиот значи барање на совршеното во мааните, а токму овој стан што го гледате на фотографиите ја освои наградата за најдобар резиденцијален објект.

Особено внимание при доделувањето на оваа награда се посветува на употреба на еколошки материјали, а секако овој стан целосно ги исполнувал критериумите.

Архитектот Макно изјавил дека особено внимание посветил на комбинирање на јапонската филозофија со украинската традиција како и модерната уметност.

Дрвото е материјалот што доминира низ целиот стан, а што се однесува до боите, во станот доминираат претежно земјените бои и токму поради тоа секоја просторија изгледа неверојатно релаксирачка.

Погледнете како изгледа најнаградуваниот проект на студиото Сергеј Макно.

Инфо и фото: Buro 24/7.hr

Објавено:
17 мај 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
672 пати