Уредете го домот со примена на најактуелната боја

5 јануари 2017

Минатата година во однос на ентериерното уредување ќе ја запаметиме како година во која доминираа пастелните и смирени розови и сини нијанси, но веќе во актуелната 2017 година тие се заменуваат со новата свежа енергија што со себе ја носи интензивната зелена боја.

Истовремено и деликатна и пријатна, зелената боја е одлична солуција за нов почеток.

А кој не би сакал да внесе нова свежина во својот дом со почетокот на новата година?

За таква промена во вашиот дом, не е потребна некоја радикална трансформација, туку доволно е да внесете неколку нови детали во зелена боја кои ќе имаат важна улога за што попријатен домашен амбиент.

Во продолжение ви презентираме неколку интересни решенија.

Објавено:
5 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.075 пати