Дом во стилот на Elena Luka Home

Уредете го домот во стилот на „Elena Luka Home"

10 август 2015


Неодамна Градежната фирма Елена Лука Хоум на еден сосема поинаков и нов начин започна да изработува палети од бои кои во светот на архитектурата и низ историјата се практикувале од самиот почеток на уредувањето. Користејќи ја модата преку разни дизајни, текстури, принтови и бои на материјали од кои се изработени уникатните модели на модната куќа Елена Лука дојдовме до предлози кои ги офаќаат речиси сите стилови на уредување познати во светот.


Одберете го Вашиот омилен стил и донесете ја културата на некој континент, правец или пак древна цивилизација во Вашиот Дом.


Впрочем ентериерот е природна проекција на Вашата душа, Коко Шанел


„Floral Heaven“


Флорални текстури се тренд за оваа година кога станува збор за боите на Вашите ѕидови. Со овие цветни финеси и текстури, и мебел во бела боја Вашиот дом ќе стане прекрасно место за одмор и релаксација.

 

„Passion for China“

Традиционалните јапонски ентериери се организирани според обликот на човечкото тело.

Кинеските ентериери се препознаваат по високостилизираниот мебел, со рачни нацртани мотиви на лакирани подлоги, додатоци со силни бои и орнаменти или статуи кои претставуваат животни или митски ликови. Црвената боја многу често се употребува, како симбол на среќа.


„Sophisticated Blue“

Синото е секогаш модерно, оваа палета е нежна и смирува, а црните финеси и детали на просторот ќе му дадат дополнителна нота на софистицираност

 

„Safari Ride“

Африкански стил на уредување е тренд кој веќе со децении не излегува од мода. Живите бои во комбинација со земјени тонови се основа на овој стил. Детали како животински дезени на ткаенините дополнително ја нагласуваат раскошноста на црниот континент.

Виртуелните маски и дрвените фигури во разни димензии во просторот внесуваат посебна мистична нота.

Уредувањето е едноставно – во домот треба да се внесе топлината на сонцето, желбата на земјата, песокот и богатството на животинскиот и растителниот свет.


„PoP Star Studio“

Спојот од неколку бои во спалната соба може да биде смирувачки, само ако знаете како да ги искомбинирате. Фокусирајте се на две главни бои - сина и виолетова (на пример) - и нивните нијанси.

 

„The spirit of the Mediterranean“

Уредувањето според медитерански стил ги опфаќа земјите како Шпанија, Италија и Грција. Често ваквиот стил на уредување се вика и шпански модерен стил.

Мебелот е едноставен и функционален, понекогаш и украсен. Ѕидовите се во разни бои и текстури. Топлината која ја внесува ваквиот стил на уредување е неминовна. Платно, дрво, украси, цвеќиња, бои, уметност е се она по што ќе го препознаете овој стил.

Очекувајте уште многу стилови во содржините што следуваат.

А за најновите летни понуди на „Elena Luka Home“ прочитување ТУКА

 

 

 

Објавено:
10 август 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.707 пати