Уредете го домот во стилот на „Elena Luka Home" дел втор

22 септември 2015

Contemporary french style

Во ваквиот простор никогаш не недостасува романтика, а благодарение на нежните и пастелни бои во комбинација со светлиот мебел, просторот добива пространост и свежина. Типични за францускиот стил на ентериер се деталите од ковано железо, раскошните рамки за слики, како и позлатените украси. Доколку сакате да го освежите домот, одлично би било да инвестирате во ситни детали кои може да ги изработите и самите. Во современиот француски стил се работи за мешавина од удобност и префинетост.

Postmodern art

Овој стил ја негира едноставноста, редот и рационалноста, а белата и црната боја се премногу неутрални за него, бидејќи во овој стил надвладуваат јаките бои. Жолтата, сината, зелената создаваат несекојдневни и иновативни простори.
Нагласокот не е ставен на мебелот, како кај технолошкиот стил, туку на формите и деталите. Постмодернистичкиот стил не познава цврсти правила кои треба да се следат, во него се комбинираат најразлични елементи што на секој поединец му овозможуваат создавање на сопствен стил.
Освен горенаведените постојат уште многу декоративни стилови. Секој од нив е посебен на свој начин, но она што е заедничко за сите е подобрување на убавината на живеењето.
секој нов ден, носи нова надеж...

English Country

Опуштен, удобен стил кој претставува толкување на традиционалниот изглед. Боите се природни и пригушени, присутни се квалитетни текстури во ентериерите и екстериерите кои се добиени со употреба на дрво, метал и камен. Во ткаенините кои се употребуваат се присутни и везени простирки и теписи, како и материјали со пригушени цветни мотиви. Мебелот варира од комоди во темни бои, до полици за книги од дрво од бор.

Retro Style

Навраќањето во "слободните" шеесетти значи потрага по ретро-вибрациите кои во домот ќе внесат живост. Овој стил не претставува само копија од историјата – тој со себе носи модерен амбиент.
Ретро-дизајнот на ентериери е модерен начин да бидете старомодни

Одличната подлога за било која ретро-декоративна шема е кафената боја – во било која нијанса, а една од најдобрите е богатата, чоколадно-кафена во комбинација со беж боја. ...
Дрвен мебел со средни до темни нијанси .....но да не биде излакиран и сјаен...... Природната боја на дрво е идеална.

Shabby Chic

Стил на уредување на домот кој дефинитивно моментално ги доживува своите 5 минути слава. Комбинација на белата боја со пастелните нијанси пред сè ги одушевува жените и девојките кои сакаат топли ентериери.

Тајната на шаби чик стилот е несовршеноста, топлината и романтиката на домот која нè враќа во минатото, но е одлична комбинација за модерниот стил и начинот на живот.

Посебноста на овој стил на уредување е што мебелот и деталите мора да бидат малку постари од вообичаено.

Најдобро од сè е што не може да погрешите во уредувањето на домот во ваков стил. Важно е мебелот да биде дрвен, во светли пастелни бои, со мали чипкани детали.


Present Fashionable Style

Се одликува со стерилност, односно минимално присуство на повеќе бои и акцентирање само на основните елементи или неопходните во домот, без излишни украси и декорации. Се тежнее просторот да биде колку што може по голем и минимално пополнет. Најчесто постои една основа боја, можеби и уште една контрастна, а се останато е во нијансите на истите тие бои. Собата ја губи класичната форма и преминува во асиметрични облици со сосема различни пропорции.

А за најновите летни понуди на „Elena Luka Home" прочитување > ТУКА

Објавено:
22 септември 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
5.257 пати