Вилата на За За Габор после нејзината смрт

20 декември 2016

За За Габор почина во неделата во нејзината вила на Бел Еир кој беше нејзин дом речиси 40 години.

Во 2013-та година поради финасиски потешкотии, но и поради лекувањето на Габор таа и нејзиниот сопруг принцот Фредерик Принц вон Анхалт се принудени да ја продадат, но купувачот ќе биде велкодушен и ќе им дозволи да живеат се до нејзината смрт.

Цената на вилата таа година била 11 милиони долари.

Сега откако За За е почината, нејзиниот сопруг има рок од 120 дена да се спакува, додека оние работи кои се договорени да останат во сопственост на купувачот .

Вилата е купена во 1973-та година за 280.000 долари, две години пред да се омажи за сопругот број 6 дизајнерот Џек Рајан.

Станува збор за француски стил на уредување со поглед на двете страни на Лос Анџелес и океанот.

Инаку првиот сопственик и дизајнер на куќата ни помалку ни повеќе е ексцентричниот милијардер Хауард Хјуз..

Некоја година тука живеел и Елвис Присли, во периодот помеѓу 1956-1958.


Габор ги има редекорирано сите 26 соби (6 спални и 7 бањи) и тоа со скапи антиквитети, барокен мебел, декорации со коњи и многу портрети со нејзиниот лик, а куќата има и базен и француски камин.


Во нејзиниот турбулентен живот таа ќе се најде и во ситуација да не може финансиски да ја одржува куќата, со самото тоа што одржувањето чинело 30.000 долари месечно, но во последен момент  ситуацијата ја спасиле нејзини фанови на фејсбук.


Последните неколку години со оглед на тоа дека Габор била неподвижна, користеле само две простории.

Инаку за потребите на филмовите „Behind the Candelabra“ и „Argo“ тие ја изнајмувале куќата за снимање и на тој начин се издржувале.

 

Објавено:
20 декември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.652 пати