Доколку пред вас е некое преуредување или пак едноставно освежување на домот, тогаш задолжително оставете простор за нешто сиво.

Омилениот скандинавски ентериер оваа година е обоен во сиви нијанси, а дизајнерите постојано експериментираат со мебелот и украсите токму во оваа неодолива боја.

Иако на прв поглед можеби изгледа студено, станува збор за една навистина топла боја која во вашиот дом ќе внесе поинаква енергија.

Доколку сакате малку да го разиграте ентериерот со некои појаки тонови, одберете колоритни килими, перници, украси или пак некоја фотелја во јака боја, со што ќе постигнете ефект каков што секој би посакал.

Ако пак сакате да внесете луксуз во ентериерот, не заборавајте на златните детали кои ќе го разубават секое катче каде ќе ги сместите.

Би било одлично доколку во просторот обоите еден ѕид во сива нијанса која ќе преовладува, или пак едноставно направете кујна во оваа боја која ќе ви се допадне повеќе одошто мислите.

За доза пролетна инспирација, погледнете ги фотографиите во продолжение и веднаш започнете со мало освежување кое ќе донесе една сосема поинаква енергија која ќе ја обожавате.

Извор: Modamo.info

Објавено:
23 април 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
988 пати