Карол Теси е името на француската дизајнерка чиј дом ќе им се допадне на сите љубители на уметноста.

Секаде изобилуваат бели ѕидови украсени со уметнички дела од различни историски периоди.

Инаку, оваа мајка на шест девојчиња, од кои најстарата има осум години, токму поради овој факт, вметнува женствени и светкави детали, што одлично се совпаѓаат софистицираниот декор.

-Сè ме инспирира, особено современите уметности. За ревиите, јас ги правам сите уметнички делови. Сепак, голем дел од уметничките дела во нашиот дом се избор на мојот сопруг. И двајцата ја негуваме таа страст. Секогаш се инспирирам од материјалите, внатрешниот дизајн и ткаенините – потенцира Теси.

Таа признава дека го сака и Њујорк, но ништо помалку и Париз.

-Ми се допаѓа животот овде. Ја сакам архитектурата. Луда сум по камени градби и многу сакам и балкони.

Низ целиот дом доминира „забавниот дух“, што е дел и од нејзините креации. За потсетување, Карол ја започна својата модна приказна со џинс парчиња украсени со камења по порачка, по што оствари соработка со Наталија Водијанова и тоа за хуманитарни цели.  Потоа следеа и рачно украсени клач чанти по кои е можеби и најпрепознатлива.

-Почнав да ги продавам во „Колет“ во Париз и навистина бев среќна што таа приказна започна на тој начин. За секоја од чантите се потребни 20 до 30 часа рачна изработка – вели дизајнерката.

Таа додава дека во морето големи брендови, за неа е вистински предизвик да биде мал, но успешен бренд.

Сега го живее својот сон во Париз, а во каква куќа, погледнете во продолжение:

Објавено:
30 ноември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.520 пати