Во новиот дом на Елен Деџенерис

1 декември 2017

Славната комичарка и една од најпознатите телевизиски водителки, Елен Деџенерис купи нова вила на калифорниското крајбрежје.

Таа е една од оние ѕвезди кои се познати по вложувањето во недвижнини, а овој пат тоа задоволство ја чинеше околу 19 милиони долари.

Вилата е со отворен, воодушевувачки поглед кон Тихиот океан со приватна плажа и простран двор во кој е сместен базенот и приватното тениско игралиште.

Ентериерот е уреден според системот на отворен простор со лесна комуникација помеѓу различните простории во кои доминира природната светлина преку огромните прозорци.

Централен фокус е пространата дневна соба со кујна, уредени во еден минималистички, но сепак топол домашен амбиент.

Имотот располага и со четири спални соби, секоја со свое купатило, како и посебна гостинска куќа.


Фото: Профимедиа

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
859 пати