Во раскошниот дом на Александар Ванг

9 август 2017

Познатиот американски дизајнер Александар Ванг, од неодамна се всели во својот нов апартман на Менхетн.

Естетиката на неговиот нов дом се идентификува со неговиот карактер како дизајнер кој во своето креирање преферира елегантни линии, симплифицирани форми и едноставност.

Таков минималистички амбиент доминира и во неговиот дом. Мебелот е во чисти и едноставни линии, а боите се ненаметливи и смирувачки.

Она што најмногу го привлекува вниманието се декоративните детали и уметничките дела кои му даваат посебен идентитет на овој ентериер.

Ванг во ексклузивното интервју за Architectural Digest изјави дека е фан на познатиот фотогтаф Стивен Клејн, па негови фотографии, меѓу кои и такви со Кејт Мос, преовладуваат во домот на дизајнерот.

Фото: Architectural Digest

Објавено:
9 август 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
192 пати