По неодамнешната тајна венчавка со нејзиното момче Себастијан Бер, познатата манекенка и актерка Емили Ратајковски се всели во нов и неверојатно прекрасен дом.

Тие потрошија вкупно два милиони долари за новата и фантастична куќа во Лос Анџелес, со две спални соби, три купатила и прекрасен и неодолив двор со топла бања.

Истата се наоѓа во тивко соседство во Лос Анџелес, локација која многу им се допаднала и на двајцата.

Куќата била изградена во 1946 – тата година, но неодамна била реновирана и комплетно модернизирана, со што сега просторот нуди фантастични винтиџ и бохо вибрации.

Во главната дневна соба поставен е огромен камин изграден од цигли, а во голем дел од куќата преовладуваат дрвените детали како нивни омилени.

Спалната соба има прекрасен поглед преку огромните прозорци директно кон зелениот двор, а сосема нормално, внатре се наоѓа огромен плакар и купатило.

Преку куќата, се стигнува до неодолива колиба во која тие обожаваат да организираат забави за нивните пријатели.

Погледнете како изгледа љубовното гнездо на Емили и Себастијан.

Извор и фото: Harper's bazaar

Објавено:
14 мај 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.013 пати